Пристигаат првите работници во Македонија од Непал и Пакистан

Се погласно во последно време се зборува и најавува дека ќе започне увоз на работници од Азија, а се чини тоа сега започна и на дело.

Имено од почетокот на годинава заклучно со вчера од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ) дадени се позитивни мислења за издавање работна дозвола за странец до Министерството за внатрешни работи за две лица од Непал, 10 лица од Пакистан, додека за Бангладеш нема поднесени барања.

Од Агенцијата за вработувањесе надлежна институција за издавање работна дозвола за странец кој го има регулирано престојот во државата по друг основ (освен вработување), со поднесување барање за издавање работна дозвола во АВРСМ – надлежните центри за вработување,

Давање мислење врз основа на искористеноста на квотата и моменталните потреби на пазарот на труд во Северна Македонија, во постапката за стекнување дозвола за привремен престој заради работа и издавање Потврда за регистрација на работата која ја вршат странците во државата, а за која не е потребна работна дозвола.

Оваа надлежност произлегува од Законот за вработување и работа на странци и Законот за странци, подзаконските акти кои ја доуредуваат материјата и Одлуката за определување на квотите на работни дозволи за странци.

Ова се очекува само да биде почетоко на низата што ќе следи допрва и поголемиот број на работници кои се очекува да пристигнат во нашата држава.