Раде живее сам на село без автомобил или велосипед: Не ми треба жена, туку мајстор за купатило

Со урбанизацијата во градовите, селските средини скоро целосно се испразнија. Потрагата по подобра работа и повеќе можности ги тераат луѓето да се селат.

Еден од ретките е Раде Милиновиќ од Бусовача во БиХ кој живее сам во домаќинство во селце во кое сите куќи се напуштени.

Луѓето или се преселиле во странство или се поблиску до градот Бусовача, пренесува Српскаинфо. Раде нема ни кола ни велосипед. Тој оди до првата продавница каде што купува намирници.

Никогаш не се оженил, но нема намера. Неговиот главен проблем е кој ќе му ја среди бањата и ќе му ја чисти куќата.

– Не ми треба жена, туку мајстор да ми ја направи бањата. Материјалот го купив, ги имам ќерамидите и парите, но не можам да дојдам до мајсторот – тврди Раде.

Ррепортерот Среќко Стиповиќ го фатил како обработува градина во која ќе сади зеленчук за свои потреби бидејќи си произведува сопствена храна.

– Овде сум роден. Никаде не сум бил освен тука. Сам сум во селото, сите направија куќи и се иселија. Живеам од пензија и од тоа што ќе посеам, вели Раде.

Во текот на зимата не оди никаде, освен до продавницата за да си купи за јадење, а целиот пазар на раце го носи.

Единствената и најголема желба на Раде е само куќата да му се поправи, ѕидовите да се измачкаат и да има купатило како и сите луѓе.