Сани проговори за судската разрешница со Слаткар: Бев навредена а тој се правеше дека не ме познава

Александра Тимковска попозната како Сани веќе долги години е на македонските екрани и важи за една од најискусните македонски новинарки.

Која зад себе има низа успешни проекти, а и ден денес е актуелна со проектот ,,Мастраф Муабет” каде низа познати личности и гостуваат.

Овојпат токму таа беше во улога на гостин во подкастот на Стефан Лазаров на неговиот канал, каде заедно со Зоки Фаци имаа што да кажат.

Александра Сани проговори и за тоа како се нашла на суд со познатиот македонски рапер Марко Маринковиќ попознат како Слаткар.

– Се најдов на суд со Слаткар, тој договарал некоја соработка што не успеала, јас ги сослушав и двете страни и ги напишав и двете страни од приказната.

– Врз основа на соопштението од продукцијата на Слаткар, го контактирав и вториот инволвиран во приказната, мојот текст беше чист како солза.

– По некое време стигна тужба и до мене и до вториот инволвиран во оваа приказна, се појавив на судот и веднаш добив слобода.

– Е тогаш се најдовме во ситуација кога требаше да се платат судските трошоци, бидејќи тој што губи треба да ги покрие.

– Слаткар не ги покри тие судски трошоци па така ние од први пријатели, тој мене ме намести, јас исто така и бев и на свадба кај нив, но незнам зошто така направи.

– Навистина бев навредена од ситуацијата, но ќе повторам дека јас не го мразам Слаткар. Но јас го почитував до тогаш, требаше и тој да ме испочитува.

– Не можевме ни да искомуницираме, тој дојде на суд и се правеше дека не ме познавам, не ме ниту погледна, вели Сани во емисијата на ,,Лазаров”