Симо од виничко: Живеам во неподносливи болки, закован во инвалидска количка – ги молам докторите да ми помогнат

Убав живот во минатото со спомени, искрена радост и смеа бил животот на Симо Стојковски од виничкото село Лески. Работел како градежен работник во Гранит и при една работна акција во Украина ја запознава и жената на неговиот живот.

Одлучуваат семејството да го создадат во родната земја на Симо, каде градат дом и им се раѓаат две деца: момче и девојче. Одлучуваат се, но, некој друг ќе одлучи дека нема да му биде песна животот на Симо и неговото семејство. Од обична болка во кичмата и лечење на дискус хернија, денес овој човек има преживеано пет операции, врзан е за инвалидска количка и има неописливи болки за едно човечко суштество.

Веќе ниту организмот не му ги прифаќа аналгетиците-вели тој, а тој изгубен во одлуките на докторите не знае кој правец да го фати и како да си олесни да не пати толку. Тажен е што покрај неговиот несреќен живот, се чувствува и како терет на неговото семејство.

Седум години живот во количка направил тие да се и пред финансиски бродолом. Освен што му функионираат рацете ништо друго поради парализата не кичмата не му функционира, па затоа има единствена и најголема желба, макар и да не стане од количка само да му помогне некој доктор од земјава или странство да му се намалат неиздржливите болки.

Иако по потекло од Дулица, работата Симо Стојковски ќе го носи низ различни држави, а, очигледо неговото добро срце ќе го препознае Татјана од Украина која тој ќе ја запознае пред повеќе од 18 години додека е на работен ангажман во нејзината земја.

Двајцата одлучуваат дека подобро би им било во Македонија, па Татјана, напуштајќи ја функцијата директор на училиште во Украина, доаѓа во нова средина се во име на љубовта на Симо.

„Имав неколку операции, сега треба уште една, но не знам зошто не се прави. Сакам да најдам чаре, да ме пратата на право место. Имам страшни болки, што не се подносливи. Токму таму каде што сум опериран, кај парчето кое не ми е извадено, се направи операции, дојде до некои компликации и од количка не можам да станам. Бев по докотори, бањи, финансиски неподносливо.

Одеднаш се ми се смени, само што си го средивме домот, ми се случи ова. Болките ми се неподнослив, не можам во веце да одам сам. Со катетар, памерси сум. Недај боже на никој да му се случи ова. Најголема желба ми е да станам од количка и да си бидам со фамилијата и да функционирам.

Барам од здравствените работници да ми помогнат да бидат хумани. Никој не обвинувам, во секоја работа може да се случи грешки. Повеќе не се издржува, па затоа првпат излегувам пред телевизија да барам помош“, изјави Симо во емисијата Срце на дланка и додава.

И, откако овие брачни партнери ќе направат куќа, создадат семејство и ќе треба да почнат да уживаат во животот, се случува парадокс, нозете на Симо кои изоделе и направиле илјадници километри патишта, поради компликации при пет операции, нема да бидат способни ни да застанат повеќе, а тоа ќе биде терет и за овој релативно млад човек, а уште потешко и за неговото семејство.

„Почнаа големи болки, отидов на доктор и ми рекоа имам дискусхернија. Една година пробував со апчиња, инекции, прегледи, но болките беа се поголеми и мораше операци. По две операции, со две штаки морав да одам на работа, не ми продолжуваа боледување. Ме одбија и за пензија.

Знаете како е градежно, по скелиња, физичка работа, почнав како да пропаѓам во земја, да не ги чувстувам нозете. Отидов на трета операција и останав во количка. После истатата која беше неуспешна, правев уште една но ништо. Ми рекоа и пета дека треба, но никој не сака, си ја префрлаат топката. Ме праќаат во Русија, Турција, Бугарија, Германија. Но 50.000 евра, 80.000 евра, но никој не гарантира.“

Симо и во неиздржливи болки не се препушта на судбината и не се помирува со неуспесите. И, покрај солзите трпелив е и упорен. Верува во судбинското, но сакам да ја измени судбината кон подобар и посреќен живот. А, неговата единствена ѕвезда водилка му е да застане на нозе и да ја заборави болката која му го бои животот!

„Лековите се многу скапи, постојано сме по доктори. Добро е што жената вози, па не плаќаме за такси. Неиздржливо е, како огин да ми гори каде што е е парчето, парче кој никој не знае како е настанало и како е таму. Ги замолувам докторите, ако може да ја направат таа операција, ако не да ме пратат во странство.

Доколку сакате да помогнете на Симо тоа може да го сторите на 071836136 или на жиро сметката: