Скопјанецот Чавдар јавно проговори за искуството со Брзата помош и болницата 8-ми септември

Пред неколку дена на фејсбук осамна фејсбук објава која привлече поголемо внимание откако беше споделувана.

Истата е од скопјанецот Кимо Чавдар кој сподели какво искуство имал со нашиот здравствен систем.

Со овој пост изразувам голема благодарност на екипата на Брза помош и дежурниот кардиолог во,, 8-ми септември,, ( од настанатата ситуација не успеав да им ги разберам имињата).

Имено, екипата на Брза помош по дојавата дека мојата мајка има симптоми на срцев уд ар пристигнаа за 5 минути и со мобилен екг ја констатираа состојбата,

По што веднаш ја пренесоа до,, 8-ми септември,, каде докторот кој беше во ургентно одделение откако констатира дека се работи за срцев уд ар веднаш со перфектна организација го обезбеди дежурниот кардиолог кој го изврши зафатот и го спаси животот на мојата мајка.

Од моментот на повикот до Брза помош до моментот на кардиолошкиот зафат поминаа помалку од еден час. Ви благодарам и поклон до земја.

А нешто во свое ново обраќање на својот фејсбук профил откако успеа да ги дознае лицата од брзата помош напиша:

Екипата на Брза помош – Д-р Марија Мицевска, Азра Чајани, Влатко Карчовски, Аиола Скикул – Ви благодарам што постоите.