Славко: Кога отидов во пластеникот останав затечен од глетката

Цветањето и раѓањето на плодот кога не е време е поврзано со климатските промени. Сега зимата полека навлегува на овие простори, па така и многу плодови ги нема овој период.

Поради студеното време многу плодови не успеваат и во ова време сме приморани да јадеме замрзнати плодови или некој зимни кој успеваат ова време.

Има многу случаеви каде што многу овошки и зеленчуци и покрај тоа што не и е сезоната успеваат да родат во време од годината кое не е пригодно за нив.

Некој почесто а некој за прв пат успеваат во овие зимни денови. Па така Славко Ристиќ од селото Драча кога влегол во својот пластеник бил изненаден.

Во неговата градина во првата половина на декември се родиле, ни помалку ни повеќе, туку лубеници, кои се нетипични за овој период од годината.

„Сосема случајно ги видовме додека го чистевме отпадот од градината за да го подготвиме земјиштето за орање, никој не очекуваше да најде лубеница во градината.

,, Бевме затечени. Ова досега не се случило, дури ни постарите не ми прикажувале приказни и слично за овој плод во ова време, вели Славко за Рина.

Додава дека понекогаш се случувало да задоцнат со бербата и во раната есен да се изненадат од плодовите, но ова доцна – никогаш.

“Оние лубеници кои подоцна ќе се породат беа бледи, мали и благи. Овие декемвриски тежат околу седум до осум килограми, внатре црвени и исклучително слатки.

,, Како да сме ги набрале сред лето. Ги јадевме со голем вкус, а има и доста кој ни бараат од лубениците”. вели овој домаќин.

Цветањето и раѓањето кога не е време е поврзано со климатските промени, а овие појави се сè поприсутни во централниот и западниот дел на овие простори.

Селото Драча кај Крагуевац важи за географски центар на Србија со исклучително плодна почва, па сега локалните жители со право можат да се пофалат дека досега се единствените кои произведуваат лубеници во декември.