Славко: На мојата нива сите доаѓаат, не веруваат дека ова се случи во пресрет на Свети Никола

Семејството на Славиша Ристиќ деновиве е вистинска атракција во околината на Шумадија, поточно неговата нива која е доста посетувана.

На неговото поле доаѓаат бројни пријатели, соседи и новинарски екипи за со свои очи да видат, чу дото како што го нарекуваат тие.

Ни помалку ни повеќе во овој период од годината на нивата на Славко се родија лубеници, иако ова не е нивен период и не растат сега.

– Лубениците се слатки како мед. Засадив за лична употреба, па остана еден ред од една сорта. Цветаше цела есен и сега се готови за берба – вели Славиша и продолжува:

– Не ми веруваа, но и самите гледате дека е така. Пред некој ден решивме да пробаме, им дадов по една на другарите, вкусот беше неодолив.

Како што вели, не постои таен рецепт за ова чудо на природата: Нема тај на, мислам дека е само сортата, а времето до неодамна беше убаво.

– Еве во очи на Свети Никола, што се вели и снег треба да заврне во овој период а јас добив зрели лубеници – низ смеа ќе рече Славиша.

– Не се многу, но сепак доволно за да се вкуси ова овошје, ретки се тие што ја имаат таа привилегија да јадат лубеница во овој период од годината.

– Прв пат се случува ова, покрај лубениците јас одгледувам и компири, кромид, зелка и уште нешто ситно во моите ниви.