Славчо од Велес останал и без сопруга, но и без потомството: Децата не ме сакаат, ќе ме сретнат некојпат в чаршија и ќе ми дадат 100 денари

Славчо Дураков од Велес е осамен човек кој никому не е потребен. Пораснат во многудетно семејство за себе смета дека имал тешко и сиромашно детство.

На млади години се оженил и има три деца живеејќи како домазет кај сопругата која млада у мира и го остава сам. Сега Славчо е принуден сам да плаќа кирија и да го помине месецот со социјална помош.

– Одам дрва цепам, социјално земам 4.400 денари и од тоа живеам. Ми помага сестра ми зема од кујната во Скопје и ми носи. Колку пати сум бил гладен, ако не е сестра ми ќе останам без јадење.

Не сум вработен, приватно работев порано во кожара. Немам никаков стаж, учев во посебното основно училиште „Маца Овчарова“, вели Славчо пред камерите на Срце на дланка.

Живее сам во една соба. Од млад имал проблеми со здравјето и тоа ќе биде главна причина поради која нема да може сериозно да најде работа и да живее.

– Жената ми се викаше Гена. Имав три деца со неа, само децата не ме сакаат. Ќе ме сретнат некојпат в чаршија тато ела ваму, ќе ми дадат 100 денари, 200, ама не стално. Ми даваат некој динар колку за јадење, ме жа лат – ќерки ми се.

Сопругата викаше да го гледате татко ви, да не го оставате и малтретирате човекот. Јас сум мирен, не сакам закачки со никој. Таква ми била судбината.

Кога ми викаа браќата за странство јас не отидов. Немам волја за живот, сам перам, сам чистам. Од 82ра ми ги даваат парите од социјалното.

Не кра дам, не лажам, не сум осу дуван. Колку пати и од контејнерите сум собирал. Закачуваат леб на кантите и ги земам, на пиљарите ќе им помогнам и ми даваат пипер, компири, си правам манџа.

Од срце сум бо лен, не можам тешко да кревам. Колку пативо чаршија ќе паднам, па на инек ции, инфу зии, додава Славчо Дураков.

Доколку сакате да му помогнете на Славчо да се среди, да има каде да живее и да застане на свои нозе, може да го направите на контакт телефонот Славчо 076925438 или на жиро сметката.