Спенџарска открива: Не знам што се случува, но оваа година ќе има огромен бран на отселување

Препознатливата ТВ водителка, Јелена Спенџарска, изминатиов период буквално доживеа препородување.

Имено, Спенџарска ја најде љубовта на својот живот и неодама сподели дека се сели кај момчето во Солун.

Иако најголем дел од времето ќе го поминува таму, сепак сподели дека еднаш неделно ќе биде во Скопје за снимање.

Спенџарска е секојдневно активна на социјалните мрежи а овојпат на Инстаграм приказна им остави простор на нејзините следачи за да се изразат и да споделат нешто со неа.

Така, дел од коментарите беа за иселување од Македонија, односно луѓе кои се пофалија дека во блиска иднина ќе се селат, па таа им одговори:

Јас не знам точно што се случува но имам чувство дека посебно оваа година ќе има огромно отселување од државата.

Нови држави, нов mindset, нови почетоци, нови авантури, go for it! Не е баш едноставно, но промената е на подобро и со тек на време се ќе си дојде на свое

Јас долго време сведочам за луѓе кои никако да го покажат својот вистински потенцијал кај нас поради Х причини. Едноставно како сите да се против тебе и заедно здружени за да НЕ успееш!

И после не залажуваат – „Еее ама и надвор не цветаат бели рози“. Можеби, ама па кај нас пресушија. Мк е стварно преубава земја да шеташ, да јадеш, ама менталитетот ни е страшен.

Луѓето поради тоа си одат. И посебно ние сегде каде и да сме отишле одма се снаоѓаме, така да go for it!