Срамен однос на легендарниот македонски ракометар кон „Фалангата“ по поразот од Холандија

Македонската ракометната репрезентација не успеа и во вториот обид на СП во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров доживеја нов дебакал, па така по поразот од Норвешка во првата рунда, нашата најдобра селекција загуби и од Холандија (24-34) и така со Аргентина ќе игра директна дуел за следната рунда на Светското првенство.

Единствена светла точка како на овој натпревар, така и на изминатите неколку првенства беа македонските навивачи.

Популарната „Фаланга“ и во Краков дојде во голем број и илјадници македонски навивачи во еден глас ги бодреа своите „црвено-жолти“ ракометари.

Но како што пишуваат македонски навивачи кои биле на трибините во Таурон арена, се случило трето полувреме и не мил настан.

Имено по крајот на мечот кога ракометарите и стручниот штаб заминувал кон соблекувално се случило недоличен однос.

Имено еден од помошниците на Кире Лазаров, исто така поранешен ракомтар, Ацо Јоновски реагирал бурно и со недолични гестикулации кон публиката.