Стевчо Јакимовски објасни зошто е тешко да се биде политичар: Немој да мислите дека имате фотелја и ве вози шофер

Стевчо Јакимовски е актуелен градоначалник на општина Карпош и претседател на партијата Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ).

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, а веднаш потоа волонтирал како новинар во спортската и во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје.

Стевчо Јакимовски влегол во политиката во 1988 година, како стручно-политички работник во Претседателството на младината на Југославија. Оттогаш, тој бил на повеќе раководни функции, меѓу кои: министер за економија и министер за труд и социјална политика.

Во текот на својата политичка кариера, Јакимовски променил неколку политички партии: најпрвин бил член на Либерално-демократската партија, потоа преминал во СДСМ, за подоцна да ја формира партијата ГРОМ.

Јакимовски е оженет, има два сина, Дамјан и Гоце Јакимовски, кој е сопственик и управител на „Транс Медитор“ ДООЕЛ, претпријатие што претежно се занимава со патен транспорт.

Господинот Стевчо беше дел од емисијата Нешто конкретно на Снеже Велков каде се дискутираше во врска со депилацијата кај жените и кај мажите, но и за тоа дали жените би ја средиле државата доколку се на власт.

– Се случува еднаш во кабинет да дојде странка и некако дојде во кратка суќна панталони, и ај што е депилиран, туку и тоа депилираното подникнато, ултра – непријатно. Мислам дека секое одржување на телото, на хигиената, мора да се прави редовно.

Политиката е тешка професија. Немој да мислите дека имате фотелја, ве вози шофер, потпишуваш на жиро сметката и се она што важи кај народот – се кра де се зима и така натаму.

Не е за жена. Тешка професија е затоа што не ти се знае работното време. За жена е тоа сериозен проблем, за целото семејство, децата.

Второ, има разни ситуации. Работа со луѓе не е едноставна работа. За таа работа треба да се има и храброст, жените се сепак покревки во тој дел и искрено жените на функција се почесни, поискрени, поодани на работата.

Барем јас она искуство што го имам во политиката. Мажите се посклони кон коруп ција. Повеќе сме мажите преокупирани со таа професија, го искажа своето мислење Стевче Јакимовски.