Стојанче Ангелов очекува дует со Ламбе Алабаковски – до јавноста има важно прашање

Своевремено ген ерал-мајор и лидер на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов, а сега директор на ЦУК е еден од ликовите на јавната сцена кој често знае да привлече внимание.

Стојанче иако најчесто го гледаме во сериозни изданија додека дава изјави за активностите на Центарот за управување со кри зи како негов директор, сепак Ангелов често покажува и една негова поопуштена страна.

Како дел од неговата секојдневна работа, Стојанче секогаш е прв на лице место во која било ситуација која непредвидено ќе се случи ширум земјата, а која е во домен на неговата професија.

Иако коментарите од луѓето најчесто се зајадливи и со потсмев, сепак Ангелов никогаш не потклекнува пред нив, па дури и ги прифаќа шегите на негова сметка.

На овогодинешното одржување на Златна Бубамара на популарноста, не можеше а де не се спомне и името на генерал Стојанче Ангелов, така што и самиот се спомена на Фејсбук во статус во кој гласи:

Синоќа на Златна Буба Мара Тино и Атанас дадоа интересен предлог Ламбе Алабаковски и јас да формираме дует “Пали Гаси”.
Си мислам, ако Ламбе прифати, која наша песна би станала хит?