Стојанче од Штип прави сапун од козјо млеко – откри за што е корисен и колку пари чини

Од козјо млеко, гасена сода бикарбона и уште неколку намирници, Стојанче од Штип е еден од малкумината кој се уште произведуваат сапун.

Како што вели пред камерите на М-нет Телевизија козјиот сапун има многу придобивки за луѓето, а најголемиот е што е природен и многу ефикасен.

Тој уште од најмлади години се учел да прави сапун, а сето тоа му останало и до ден денес каде што умешно работи и продава.

Додава дека најмалку два дена се потребни за да се направи калап сапун, доста е тешко, но е многу исплатливо но е занимација и помош за граѓаните кој имаат ма ка.

Овој производ воопшто не е скап, се нуди на пазарот за цена од 50-60 денари за парче. А има и редовни муштерии кој често го бараат.

– Овој сапун помага за бубулици, како и за црна облека, често е ефикасен и за миење на косата. Главна состојка е козјото млеко.

– Воошто не е лесно да се изработува, но ете јас научив од моите предци, имам редовни муштерии, еве сега еден човек зема пет тепсии, вели Стојанче.

Растење на коса, вадење на флеки од облека се само дел од придобивките на козјиот сапун, за разлика од свинскиот има пријатен мирис.

– Често го користам сапунот од козјо млеко, особено кога одам во бања Кежовица и сум задоволен, вели еден од потрошувачите.

Сапунот од козјо млеко на Стојанче од Штип се прави по ре цепт стар со години. Како што вели тој малкумина денес го произведуваат истиот.