Струмичка компанија го награди својот вработен Апостол поради несекојдневна причина – познато и за што

Сведоци сме на се почести пишувања за газди кои се решваат да ги почастат и наградат своите вработени за лојалноста и трудот, но надвор од границите на Македонија.

Но овојпат ни доаѓа една пријатна вест токму од нашата држава што е доказ дека и кај нас има вакви дела.

Како што пренесува „СтрумицаДенес“ Апостол Димитров е наградениот работник од сопственикот во германската компанија „ИСОЛЕ“ која има свое претставништво и во Струмица.

Како што не информираше еден од вработените во истата компанија, Димитров дал идеја во погонот каде работи и истата била прифатена од надлежните, а во деновите што следувале, бил награден за трудот.

Вакви случаеви ретко гледаме низ компаниите низ цела Македонија, нека послужи примерот и за останатите. Браво!