Тасе од Кавадарци: Мајка ми е многу болна, не можам да ја однесам на доктор, многу ми е тешко

Тасе Петков од Кавадарци немал детство како што заслужува, тој живеел заедно со неговот пошироко семејство во четири ѕида.

Денес тој со мајка му живее под кирија во тешка состојба и во голема сиромаштија. Доколку добие стабилна работа и на мајка му и се врати социјалната помош, ситуацијата би била многу поразлична вели Тасе.

Веќе со месеци неговата мајка е сериозно болна, но тој не може да ја однесе мајка му на доктор бидејќи не може да го плати прегледот и терапијата.

– Јас бев вработен, мајка ми земаше социјална помош, но дојде до недоразбирање и ни ја укинаа социјалната помош, а јас останав без работа.

– Ние немаме никаков приход, јас немам свој дом, секаде каде што сум бил е под кирија, но не знам уште колку ќе можам вака, вели Тасе.

– Тешко се издржува целиот месец, купуваме ефтина храна за да можеме да ги платиме сметките, но некогаш и тоа не помага.

– Работев јас во градежна фирма, но не плаќаа редовно таму. Во овој смештај сме два месеци, тешко е да се живее вака и да се истера еден месец.

– Живеевме со мојата тетка, но едноставно не можеше, имаше многу недоразбирање и караници, тие го присвоија станот, па ние моравме под кирија.

– Јас и сопругот сме разведени, порано јас можев и работев, колку толку крпевме крај со крај но сега не се издржува, вели мајката Љубица пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Работам од мои 18 години, многу тешко детство имам, ова ми е веќе осмо место каде што сме под кирија. Имав многу проблеми и не можев да го довршам образованието, вели Тасе.

– Досега најчесто сум работел и во ресторани и во кафетерии, но тоа сезонски и потоа снема работа, или пак чиста некаде, дневница земам по 600- 700 денари.

– Кирија плаќам 4.000 денари, сега и мајка ми со здравјето е во лоша состојба. Немам пари да ја однесам мајка ми на доктор.

– Се обратив и до општината да ми пронајдат работа, ми рекоа дека ќе ми се јават, но не се јавија, неопходно ми е да имам работа и редовна плата за да опстанам.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го направите на трансакциската сметка 200003162543663 или на телефонскиот број 070 318 050