Теа Таировиќ открива: Отсекогаш сум сакала да работам со млади луѓе, да ги подучувам на нешто

Српската пејачка Теа Таировиќ во моментов е една од најпопуларните на Балканот. Пејачката на сцената е присутна релативно краток период, но популарноста нагло и порасна со нејзините хитови, но и жешки настапи.

Теа Таировиќ е пример за пејачка која привлекува големо внимание во јавноста. Многумина го оспоруваа нејзиниот талент и вештини за пеење, и велат дека се здобила со слава со својот изглед, но таа го поби сето тоа и покажа дека навистина има талент.

Познато е дека нејзиниот изглед предизвикува голема внимааније, бидејќи е исклучително убава и згодна, а пејачката честопати ги истакнува своето заобленото тело и совршените облини во преден план.

Теа последните години е доста чест гостин низ локалите ширум Македонија, а така беше и веќе изминатото лето.

Во најава и е голем солистички концерт на Ташмајдан стадионот на 17ти јуни годинава за кој Теа наголемо се подготвува.

Таировиќ сите детали ги откри во интервју за Гранд Онлајн каде откри колку е возбудена за концертот, но и дека се надева на уште поголем концерт во арена.

За крај на разговорот Теа Таировиќ откри со што би се занимавала еден ден кога ќе се засити од музичката сцена.

– Отсекогаш сум сакал да работам со млади луѓе, да ги подучувам на нешто, да им помагам, па сигурно дека кога би сфатила дека треба да се повлечам од јавната сцена, би останала во оваа работа, но позади сцена.