Тројца мали дечиња за Божиќ останаа без кров над глава, стихијата им однесе се

Наместо најголемиот празник да го дочекаат во мир и среќа, семејството Катаниќ во пресрет на Божиќ останаа без покрив над главата.

Петчленото семејство Катаниќ од белградската населба Чукарица овој Божиќ го поминале без покрив над главата, бидејќи куќата во која живееле изго рела на Божиќ,

Нив им треба помош за нивните три деца и нивните родители да имаат каде да останат, затоа ги повикуваат сите добри луѓе кои се подготвени да им помогнат да го обноват својот дом.

Војилсав Катаниќ, чија куќа била уништена во по жарот, вели дека сè се случило брзо и неочекувано, а во куќата имало две деца, ќерка и помалиот син, кои се спасени од чиста среќа.

– Како и секој христијанин, така и утрото на Божиќ, јас и мојот среден син отидовме да пазаруваме нешто за убавиот ден.

Сопругата отиде на работа, најмалиот син и ќерката отидоа да спијат. Тоа се случило во утринските часови, чиста среќа ќерката се разбудила

Потоа таа го разбудила и својот помал брат и успеале да се извлечат од пла мените јазици и од куќата – изјави претходно Катаниќ.

Воислав за ,,Пинк.рс” вели дека луѓето реагирале, но дека сега не се собрани доволно пари, бидејќи куќата треба да се изгради од темел.

Сопругот на Милица претходно низ солзи изјави дека најважно е децата да се живи и здрави и дека верува дека добрите луѓе ќе им помогнат да го обноват домот што го изгубиле. Вели дека се изгорело, дека децата немаат што да облечат.