Украинската пејачака Руслана сакала да го заведе екс македонскиот премиер – но тој ја одбил од една причина
Тој е несомнено жива легенда. Човекот за чија работа и кариера се испреплетени безброј случки, настани и легенди, човек кој важи за најпознатиот естраден менаџер на сите времиња во екс-ЈУ историјата, па се до ден денес…
Работел со најголемите ѕвезди во регионот од Мишо Ковач и Оливер Драгојевиќ, преку Индекси, Леб и Сол и Бијело Дугме, до Оливер Мандиќ и Здравко Чолиќ… и уште стотици други.
Ситната боранија и не ја броиме. Организирал илјадници концерти, бил вмешан во безброј афери, наместил којзнае колку фудбалски натпревари, па и цели првенства.
Законот го знае и од оваа и од онаа страна… на решетките. Бил со него во судир, ама и негов најдобар пријател, преку локалните и државните началници и командири на полицијата.
Контроверзите околу „кралот на местенките“, големиот Велибор Џаровски – Џаро тешко кој може да ги изброи
Џаро беше гостин во поткастот на Лазаров каде што откри низа нови работи непознати за пошироката јавност.
„Се мести натпреварото Македонија – Андора, овде нерешено. Мене ми вика Лазе Митевски секретар на федерација, ти не се мешај ништо, само имаш задача да свртеш внимание на публика да не гледа глупости. Ние ќе си ја наместиме.
Јас како да свртам внимание, ја земам победничката на Евровизија од Украина, Руслана, облечена во куса бунда и се гледа газ и гакиќ. Боки 13 го облакам во штикли, сукња, отворено деколте и одиме во јужна сите не гледат.
После тоа правиме приме во Маракана, премиер е Владо Бучковски, а Руслана цело време го гледа. Јас одам кај Владо, му велам гледаш ли професоре, а тој ми рече, имам многу големо обезбедување.
Му велам професоре апла те гледа, дрско те гледа иако е темно, но тој ми вели имам многу обезбедување. Одам и велам на Руслана има состанок, мора да си оди премиерот“, вели Џаро.