(ФОТО) Авиони на Визер се судрија – директорот на аеродромот ги истакна причините

Визер е една од најкористените нискобуџетни авиокомпании која е воедно и најбрзо растечката и најодржливата авиокомпанија во Европа.

Според најновите информации, два авиони на компанијата „Визер“ се судрија во вторникот попладнето на аеродромот во Сучеава во Романија.

Авионот Ербас А320, кој требало да полета за Дортмунд попладнето на 14 март 2023 година е оште тен на аеродромот.Инци дентот се случил додека еден од двата авионии маневрирал на пистата и удрил во другиот авион.

За време на маневрирањето, левото крило на авионот се судрило со десниот стабилизатор на друг паркиран Ербас А320 со регистарски број HA-LWZ од истата авиокомпанија.

Вториот авион на унгарскиот превозник кој учествувал во инци дентот требало да лета за Бергамо, а бил паркиран на платформата на аеродромот во Сучеава и во него немало патници.

Летот W64692 на Wizz Air требаше да го оперира 9H-WBV, која припаѓа на малтешката подружница на авиопревозникот. H-WBV беше префрлен во малтешката подружница на превозникот минатиот месец.

По суд ирот, двата авиони биле пренесени за поправка. По инц идентот, сите патници/екипаж се симнаа безбедно и нема информации за повр едени.

– Авионот ќе остане на терен и ќе се следат законските процедури. Многу е можно да се работи за грешка на оние кои го насочувале авионот, но може да е вина и на пилотот“, изјави за Антена 3 директорот на аеродромот Сучеава, Јоан Мариуца.