(ФОТО) Борко Ристовски: Јас сум кловнот во случајов

Долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, но во последно време Борко Ристовски го нема во националниот тим.

По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика и многу други тој се врати дома и веќе две сезони е дел од Вардар.

Полека но сигурно со своите 39 години Борко е на залезот на својата кариера, па во последно време е и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.

Неодамна се најде повторно во центарот на вниманието откако од МОК беше суспендиран.

На приватен план Борко со сопругата Нина се горди родители на две деца, а токму сподели еден момент со својот син Душан и напиша:

Забава за Душан. Јас сум кловнот во случајов.