(ФОТО) Венко Филипче ова неделно утро, видно насмеан сподели прекрасна вест

Венко Филипче важи за еден од најпознатите македонски неврохирург и поранешен министер за здравство.

Прв човек на македонското здравство беше пет години, меѓу кои и најтешките во кои се справуваше со кови пандемијата.

Откако се повлече од министерското столче тој се врати на своите работни обврски како доктор.

Утрово на својот фејсбук профил Филипче се огласи со кратка објава и фотографија во која што вели:

Амра е шестмесечно бебе која издвои победа во важна животна битка. Вистинска мала хероина, во моментов моја најмала пациентка на Клиниката за неврохирургија, која се избори со тешка операција.

Амра сега ќе има нормален раст и развој. И посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа *фотогафијата е објавена со дозвола на родителот.