(ФОТО) Венко Филипче со радост сподели за едногодишниот Зоран кој лично во раци го држеше

Венко Филипче важи за еден од најпознатите македонски неврохирург и веќе поранешен министер за здравство.

Филипче пред да стапи на министерската функција беше советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Токму Венко беше човекот кој раководеше со министерството за здравство во најтешкиот период од неговото постоење, за време на ви русот.

Иако веќе извесен период не е активен на политичката сцена, сепак од време на време знае да се појави во јавноста како и да се огласи преку социјалните мрежи.

Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.

Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.

Филипче е докажан во својата професија и важи за еден од најдобрите во нашата држава, а доказ за тоа е веста што ја објави утрово:

Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро.

Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови. Фотографијата е направена и објавена со дозвола на родителот