(ФОТО) Вечерва во Белград „браќата Срби“ со голема провокација за Македонија и Гоце Делчев

Ни се прават браќа, а во суштина не ни мислат добро. Вака слободно може да го окаратеризраме уште едниот потег во низа на Србите.

Ајде да беше само вечерва, некако и ќе помислевме дека е изолиран случај, но кога ќе се повторува неколку пати во низа тоа веќе не е случајност.

Навивачите на белградски Партизан, Гробари по којзна кој пат вечерва јасно покажаа што мислат за Македонците. Иако има голем број навивачи од Македонија и членови на нивната група.

За почеток истакна грчко знаме на мечот од СЕХА лигата со македонскиот ракометен шампион и екс-европски првак Вардар,

Но тоа не беше се откако во вториот дел од мечот кој се игра во спортскиот центар Вождовац се појави парола.

Гробари истакнаа парола со сериозна навреда кон цела Македонија, посочувајќи дека зборот Комити е српско име, а Гоце Делчев Бугарин…

„Група со српско име, бугарски вој ник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари.