(ФОТО) Даниел Кајмакоски долго криеше, но се пофали: Нашето бебе брзо расте, има скоро 5 месеци

Даниел Кајмакоски и стана познат на македонската јавност со победата на музичкото натпреварување х фактор Адрија, а потоа како претставник на Македонија на Евровизија во 2015та година.

Во неговите рани години, тој и неговиот татко Павле Кајмакоски којшто е многу талентиран и скоро секоја работа ја научил од него свиреле заедно по свадби, крштевки и слично, па уште од тогаш бил забележан неговиот бескраен талент.

На своја 7-годишна возраст заедно со своето семејство, заминува во Виена, Австрија. Даниел има учествувано во повеќе музички шоуа, а првото учество му е на 17 години со пласман во најдобрите 12.

Но, Кајмакоски како што се појави одеднаш, се чини дека така и го снема од македонската јавност, па иако многумина мислеа дека ќе има светла музичка иднина во Македонија, тој се повлече од сцената.

Беше претставник на Македонија во Виена за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната „Лисја есенски“ по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

Извесно време познат му беше дуетот со познатиот пејач Жељко Јоксимовиќ со наслов: Скопје или Београд, а после тој хит кон крајот на јануари годинава по подолга пауза објави авторска песна насловена „Глумим да волим”.

Ниту на приватен план не му беше ништо подобро. Се ожени со Кристина Димитриевска, добија син, но по три години заеднички живот се разделија. По ова Кајмакоски реши да се пресели во соседна Србија каде што живее во Белград.

– Луѓето ми дадоа огромна поддршка и затоа најдов свој дом овде. За мене остварувањето на мојот сон започна во Белград и можам да се пофалам дека имам привилегија да го живеам мојот сон, објасни Кајмакоски.

По подолго време конечно ја откри својата нова љубов на социјалните мрежи и оттогаш постојано си споделува по нешто со неговата љубов.

Така, Кајмакоски се огласи повторно на неговиот Инстаграм профил со фотографија заедно со неговата избраничка и малото куче, па напиша: „Нашето бебе брзо расте, имаме скоро 5 месеци“.