(ФОТО) Д-р Лазаров сподели искуство со мало ромче на семафори: Што створења сте бе

За докторот Ненад Лазаров веруваме дека речиси и да нема кој не слушнал во нашата држава со оглед што од појавата на вирусот во Македонија постојано е присутен во јавноста.

Д-р Лазаров е чест гостин во емисии, но и во печатени и пишани медиуми. Пред се тој е доста активен на социјалните мрежи поточно фејсбук.

И покрај многубројните обврски со големиот број пациенти, тој речиси секојдневно наоѓа простор и време со своите пријатели на фејсбук да сподели некоја информација.

Овојпат на својот профил сподели вест со која се соочил додека се возел на улиците, а за истиот кажа:

Ромче мало колку Петар мој, на семафори ги продава по 50 ден, му дадов стотче викам не ги земам балоните плус продај ги, ми враќа, дај уште стотче за брат ми.

Викам доста е од мене, имам двајца мали дома и за нив да има нешто, зема малото ми ги напика со сила во кола балоните, вика штом имаш дома деца мора да ги земеш и да ги поздравиш од мене другарите

Што створења сте бе да ги оставате на студов дечиња да се мачат вака,што држава е ова бе ар амии низаедни