(ФОТО) Елена Ристеска откри што за првпат направиле со Карлоина Гочева

Елена Ристеска е претставник на една музичка ера која одбележа еден убав период на македонската музичка сцена со хитови со кои пораснаа многу млади генерации.

Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови.

Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но некако реши да се повлече од сцената.

Во меѓувреме разви и лансираше свој бизнис, козметички продукти, но кон крајот на актуелната година реши повторно да се врати на својата прва љубов, музиката.

Па така популарната Ера веќе ги имаше првите настапи во жив во Скопје, а ќе пее и за дочекот на Новата година на плоштадот.

Ристеска е мошне активна и на социјалните мрежи каде што денес објави низа фотографии и напиша:

Со мојата другарка и колешка Каролина Гочева се дружиме долги години, но за првпат се соединивме за да отпееме една песна заедно на сцена.

Ја отпеавме “Доживотно” со прекрасниот бенд на Каролина и нашите Сара и Ана, по повод новогодишниот концерт кој ќе се прикажува на МТВ на 31ви декември. Благодарам за поканата за гостување, ми беше задоволство.