(ФОТО) Зоки Фаци покажа за што ги користи корите од банани

Зоки Фаци или Зоран Василевски како што му е вистинското име и презиме е познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ.

Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

Тој во последно време е доста активен на социјалните мрежи, а особено тука се мисли на својот инстаграм профил.

Токму на него Зоки Фаци откри за што му користат корите од банани и притоа објасни:

-Корите од банани ги ставам во шише со вода да отсојат 24 часа, а потоа ги поливам билките, еднаш неделно со нив. Во водата има многу минерали кои се корисни за нив.