(ФОТО) Игор Џамбазов неутешен – со тажна објава во сеќавање на две драги личности

Познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов на социјалните мрежи денес имаше емотивно обраќање.

Саше Пиже и Газда Зеко.И двајцата заминаа на истиов датум. 17ти мај.

Што друго да правам денес, освен сам да си се смеам на сите глупости што заедно со нив ги правевме, или пак само да замижам за да ми се појават сите убави нешта што тројцата ги сакавме,

сите неостварени љубови по кои заеднички тагувавме, сите непроспиени ноќи во кои со голем успех фантазиравме за недофатливото. Нека им е вечна слава!

П.С. Две третини од легендарните “Хавана бенд” се горе на небото. Третата третина најжилава излезе…