(ФОТО) Лила Филиповска се качи во авион и замина од Македонија – објави со кого

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Повеќе од една деценија секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Неодамна, Лила обзнани дека долг период, иако малку луѓе знаеле, таа се соочувала со тешка болест која успеа да ја победи.

Сега, Лила продолжи да го живее животот со уште поголем елан и цел и е да ги мотивира сите што го минуваат нејзиниот пат и да ги охрабри да се борат.

Како и секоја година, почетокот на летната сезона го отвара Лила со нејзиното заминување на одмор во Бодрум, Турција.

Се качи на авион со нејзините пријатели и најверниот пријател и придружник Спасе Рола и уживаат на море.