(ФОТО) Македонската музичка ѕвезда вечерва за Божиќ со настап на Вембли во Лондон

Во последната деценија осетно се зголеми македонската емиграција во Велика Британија, а најголем дел од неа, поточно македонската дијаспора е сконцентрирана во Англија.

За разлика од оние во Германија, Италија, Австрија, Шведска не е толку истакната и кога се во прашање гостувањата на македонските музички ѕвезди.

Но тоа полека но сигурно почнува да се менува, а за тоа е вечершаната забава на нашинците во Лондон.

Имено во тек е македонската забава која се одржува на една од најпознатите локации кога станува збор овој град.

Имено тоа е прочуениот кварт Вембли, поточно во Вембли Парк, а главна ѕвезда е една од нашите најпознати фолкерки.

Станува збор за Сузана Гавазова која едноставно нема застој и повеќе е надовор од границите на Македонија, отколку дома.