(ФОТО) Македонските инфлуенсерки на егзотично патување – ќе уживаат на далечен остров во Индиски Океан

Со преовладувањето на социјалните мрежи на интернет, многумина се насочија кон тоа да градат инфлуенсерска кариера.

Без разлика дали станува збор за реклами на некои брендови, видеа со рецепти, профили за претставување на последните модни остварувања, патувања, секој на свој начин врши влијание врз јавноста.

Меѓу нив секако е и нашата позната водителка Лила Филиповска која не постои човек кој не ја знае.

Покрај водителската кариера, Лила стана и една од нашите најпознати инфлуенсерки. На нејзиниот профил на Инстаграм најчесто може да се сретнат реклами на брендови, туристички агенции и патувања.

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Лила во последно време често патува, па така случај е и овојпат кога заедно со Туркиш ерлајнс и уште неколку познати лица – инфлуенсери од Македонија заминаа на патување.

Лила, Тамара Тодевска, Александра Шијакоска, Алмедина Исмаили и уште неколку заминаа на далечниот остров Маврициус кој се наоѓа во Индискиот Океан.