(ФОТО) Македонците спремни да ја освојат Австралија – знамињата од Кутлеш широко ги развеаја на аеродром

Во далечената Австралија живеат и работат голем број Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.

Македонци во Австралија или Австралиски Македонци се едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Освен за работа, и на македонските музички ѕвезди им е една од најомилените земји баш поради големиот бакшиш кој го даваат.

Од плеадата музичари кои закажаа настапи во Австралија е и незаменливата Сузана Гавазова која најавува спектакуларна „Бум бум“ турнеја

За тоа дека Гавазова им е омилена пејачка на нашинците во Австралија, зборуваат и нејзините тамошни концерти во минатото.

Датумиите за настап веќе ги сподели, па заедно со група македонски музичари и екипа заминаа за Австралија.

Она што не остана незабележано е фототграфијата која ја направиле пред заминувањето на аеродромот, со повеќе кренати знамиња.