(ФОТО) Некогашната министерка ептен се посвети на земјоделието – лопата, гумени чизми и на нива

Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.

Ременски важи за добро познато има на македонската политичка сцена. Јавноста најмногу ја памети како поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.

По потекло е од Крива Паланка, а дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста.

Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.

Така беше и овојпат кога на својот профил на фејсбук се пофали дека во Ратево, на нива започна да одгледува нова култура.

Имено Ременски се облече во гумени чизми, зема лопата и реши да засади ореви и притоа напиша:

Местото ќе го викаме “Ореов лад и слад”. Биднаа првите седници па здравје Боже следните за бргу. Благодарение на советите на Васе Мојсоска и пријател од Прилеп го имаме најдобриот Чендлер виа Турција.