(ФОТО) Пендаровски во тага: Четири години бевме најблиски, бог да ја прости – збогум

Стево Пендаровски е петти претседател на Македонија кој на оваа функција е од 12 мај 2019 година.

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар.

Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.

Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, Д УИ и десетици други политички партии.

Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Тој секојдневно е доста активен и е меѓу граѓаните или политичкиот врв на државата или пак е во официјални посети на негови колеги од другите држави.

Стево денес на својот фејсбук профил сподели една не така пријатна вест со која се збогуба од своја драга личност.

Четири години најблиски соработници. Бог да ја прости!Збогум! Кристина Ангелеска (1981-2023)