(ФОТО) Перо Антиќ реши да работи градежно – се фати за лопата

Со својата појава и харизма Перо Антиќ, македонската кошаркарска легенда и актуелен претседателт на федерацијата каде и да се појави привлекува внимание.

Антиќ, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во Македонија по долгата и исполнета интернационална кариера реши да се врати во нашатата држава.

Перо како што е познато беше избран за претседател на кошаркарската федерација на Македонија, функција која веќе извесен период ја извршува, а од пред неколку дена доби и нов, втор мандат.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Првиот Македонец во НБА за последен пат играше во Црвена Звезда и реши тивко да стави крај на својата играчката кариера, но и крај на бракот со Ружица.

Со веќе поранешната сопруга како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Антиќ е актуелен и поради врската со моделот Катарина Ивановска иако традиционално вешто успева да ги избегне љубопитните прашања поврзани со личниот живот.

За него е познато дека живее луксузен живот, со скапи автомобили што е сосема заслужен со оглед на тоа што го заработил низ кариерата.

Овојпат се покажа и во едно поинакво издание и објави фотографија како работи градежни работи со лопата во рака.