(ФОТО) Познат македонски јутјубер стана в.д. директор на општинска позиција

Професијата јутјубер како ширум светот, така и во Македонија станува се почеста во последните неколку години.

Во нашата држава има неколку посериозни креатори на содржина на оваа светско глобална платформа.

Еден од нив, а воедно и еден од првите во нашата држава кој започна да снима е младиот кумановев Марио Арангеловски.

Ова 28-годишно момче кое исто така е и талентиран музичар, освен ова има уште една професија за која е помалку познато во јавноста.

Како што е познато Арангеловски својата пејачка кариера ја започнува во повеќе музички натпреварувања во Македонија и на Балканот, како што се Сите наши песни, Х-фактор Адрија, а учествува и на српското шоу „Ѕвездите на гранд“.

Но како што рековме тој има уште една професија, а истата ни помалку ни повеќе е директорска. Поточно в.д. директор.

Марио е на чело на Фондацијата за култура и спорт – Куманово која што со успех ја извршува веќе извесен период.