(ФОТО) Премиерот влезе во кујна: Ковачевски вечерва стави престилка и се покажа како готви

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски од ден на ден е се поактивен во јавноста, но и на социјалните мрежи.

Овајпат реши да се покажа во едно поинакво светло, поточно во кујна и притоа напиша:

Им благодарам на сите учесници на денешниот натпревар во подготовка на најдобро сервирана и највкусно подготвена храна.

Заедно со министерката Тренчевска и нашите тимови од „Порака“, Неготино, го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Да бидеме човечни и хумани, денес и секој ден да го олеснуваме животот на лицата со попреченост.

Поддршката за поголема инклузивност и интеграција зависи од сите нас. Се залагаме и работиме на создавање општество еднакво за сите.

Благодарност и на Утринската програма на Сител телевизија која ќе го емитува денешното дружење, утре од 10.00 часот, како и на Бобан и Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“ за успешната реализација.