(ФОТО) Пристигна првата конкретна и позитивна работа за Никола – момчето за кое се крена на нозе цела Македонија да помогне

За 19-годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево, општина Гази Баба кој боледува од ка рцином на коските веќе повеќето од јавноста знае.

Животот досега неколку пати го има ставено Никола пред сериозни предизвици. Истиот е без родители и живее со своите баба и дедо.

За помош на негово лекување се крена цела Македонија на нозе, па се преземени низа акции за прибирање на потребните средства за лечење.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку својот профил на фејсбук објави:

Младиот Никола замина за Турција. Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.

Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.

На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!

Она што е потребно да се знае е дека Никола денес замина со цел да се направат испитувања и протокол за лекување.

Акцијата за собирање на средствата потребни за неговото лекување продолжува, бидејќи не се собрани во целост сите потребни средства за целиот третман. Ви благодарам на сите за целата поддршка до сега!