(ФОТО) Продаден трактор за пола милион евра – изгледа навистина импозантно

До 26 мај во Нови Сад трае јубилејниот 90. Меѓународен саем за земјоделство.

Годинава ќе настапат 1.100 изложувачи од 26 земји. Земја партнер на Земјоделскиот саем е Италија.

Еден од настаните што ќе се одржи за време на саемот е изложбата на земјоделска механизација на која учествуваат членовите на Деловната асоцијација на увозници и извозници на земјоделска механизација.

Медиумите кај нашиот северен сосед пренесуваат дека само што е продаден еден од тракторите кој привлече големо внимание кај посетителите.

Како што објави порталот „Плодна земја“, тракторот отишол за 470.000 евра плус ДДВ.Купувачот беше од Темерин.

Има и други рекорди. На најголемата национална сточарска изложба на Саемот за земјоделство, Раденко Јеремиќ од Салаш Црнобарски во Мачва повторно изложи монструозен бик.

Јаблан на само две години е ѕвезда на Саемот со своите 1.110 килограми и е трет шампион од фармата на Раденко во последните четири години.