(ФОТО) Со знаме на Голема Албанија во црква Св. Архангела Михаил
Пред неколку дена како што е познато беше симнато знамето на МПЦ од јарбол во дворот на црквата на Попова Шапка. Но се чини страстите во регионото повторно не мируваа. Сега на удар е СПЦ.
Од Рашко-Призренската Епархија се огласија со соопштение до јавноста, а кои се поткрепени и со фотографии
НА 28.11.2023 година, според интернет порталот kosovapost.net, во црквата Св. Архангел Михаил во село Ракитници, општина Подуево, провалила група луѓе заедно со самопрогласениот и лажен свештеник Никола Џуфка, државјанин на Република Албанија, за наводно да извршат црковна церемонија во црквата.
Станува збор за груб напад врз имотот на СПЦ со цел ширење на етничка и верска омраза и нестабилност на територијата на Косово и Метохија. Според тврдењето на споменатиот портал, во оваа провала и злоупотреба на објект на СПЦ, која датира од 15 век, а подоцна била санирана, учествувале и претставници на општина Подуево.
Од прикажаните фотографии може да се забележи како се позира со знаме на Албанија, но и на она контроверзно на Голема Албанија