(ФОТО) Стравична глетка крај Велес – се запали воз: Локомотивата цела во пламен

Доцна попладневно ни пристигна уште една непријатна вест која говори за пожар на воз.

Денеска (14 мај, недела) во Центарот за управување со кризи (ЦУК) од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз, и притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот.

Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни пп апарати.

Според последната информација во ЦУК, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај.

Се очекува комисија од МЖ да излезат и да извршат увид на лице место, а жалезничкиот сообраќај е во прекин. Според известувањето до МЖ, за околу половина час би требало да се заврши со увидот, по што би се регулирал сообраќајот.

На социјалните мрежи и дел од медиумите веќе започна да се шират први фотографии од местото на настанот на кои се гледа како локомотивата е цела во пламен.