(ФОТО) Теа Таировиќ му фрли око на македонскиот водител – тој се пофали дека му пушта срциња

Познатата српската пејачка Теа Таировиќ со нејзините хитови, но и изглед ги освои симпаатиите на многубројната регионална јавност.

Теа последните години е доста чест гостин низ локалите ширум Македонија, а и во следниот период ќе можеме да ја гледаме и слушаме низ нашата држава.

Пејачката Теа Таировиќ откако зачекори на сцената на „Гранд“ продукција како дел од „Ѕвездите на Гранд“, се смета за една од најзгодните пејачки во Србија.

Пејачката на сцената е присутна релативно краток период, односно околу пет-шест години, а популарноста нагло и порасна по објавата на видео записи на кои добива огромни бакшиши.

Освен по добивањето на големи бакшиши на сцената, позната е и по своите жешки настапи поради што привлекува и публика во најголем дел.

Теа се чини фрли око на едно познато македонско тв лице кое самото се пофали дека добива срциња од пејачката.

Станува збор за Спасе Рола од временска прогноза на Сител ТВ: Па Теа Таировиќ кога ќе ме лајкне. Абе денов може ли поубав да биде.