(ФОТО) Тој е еден од најбогатите македонски градоначалници а од работа се врати со градски превоз

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.

Важи за човек што ја ужива поддршката на мнозинството граѓани во Кавадарци и човек кој со својата харизма и постапки има голема доверба помеѓу жителите на оваа општина.

Митко Јанчев кој е втор мандат градоначалник на Кавадарц важи за еден од најуспешните во државата, а за тоа сведочат секојдневните бројни акции.

Најновиот негов проект е воведувањето на градски превоз во општина Кавадарци кој започна со функционирање денес.

-Во првите три дена, граѓаните ќе имаат бесплатно возење, а веќе од четврток ќе се наплаќа автобуска карта.

Во рамките на градскиот превоз, со линиите за селата од Бошавијата ќе се започне од петок следната недела, додека за релација, општина Росоман, од понеделник 20 февруари, соопштија од кабинетот на Јанчев, споделувајќи ги сите релации на линиите и редот на возењето.

Градоначалникот повторно покажа дека е човек од народот, па на неговата Фејсбук страница сподели дека и тој го користи градскиот превоз како и обичниот граѓанин.

Градоначалникот Митко Јанчев си оди дома со Градски јавен превоз! Одете си и вие