(ФОТО) Фросина Ременски се фати за работа: Стаса за копање
Фросина Ташевска Ременски важи за добро познато има на македонската политичка сцена. Јавноста најмногу ја памети како поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија.
Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.
За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.
Или поточно во работничка, во гумени чизми, плетење елечиња, маички по кратки и слично. Што се вели, складно за на нива и за земјоделски работи.
Неретко знае да се пофали со фотографии од имовината во село Ратевож, беровско и да ги објави плодовите кои ги собира од градината.
Па така, таа овојпат на Фејсбук профилот сподели дека е време за работа во бавчата и напиша: Компиро стаса за копање и г’рлење