(ФОТО) Јанко Илковски и се поклони на неговата убавица: Дедо Наум, ти благодариме

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

На социјалните мрежи Јади Бурек е доста активен секојдневно, споделува по некој статус или фотографија, па така беше и овојпат.

Сподели фотографии од неговото семејство по повод испраќањето на неговата ќерка на матурската прослава. Па така, напиша:

Почитувани дами и господа, пријатели, роднини, другари, познаници и сите добри, луѓе имаме матурантка, Сара.Многу љубов, љубов и љубов во се, Господ со тебе.