(ФОТО) Јордан Митев се фати за работа во далечната Австралија – влезе во нива на берба

Кога станува збор за квалитетен глас, подготвен секогаш и сегде да направи растур од забава, тогаш сигурно прв на кого ќе ни текне е нашиот незаменлив Јордан Митев.

За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Во брак е со Славица Митревска, Македонка родена во Австралија, а по запросувањето тие решија да се вратат во Македонија каде живеат и денес.

Пред да запловат во брачните води биле година и пол во врска, а како изгледаше невестата на нејзиниот најубав ден во животот погледнете во продолжение. Тие направија свадба во Македонија во 2017, со сите адети.

Пред извесно време на својата официјална Фејсбук страница сподели дека патува за Австралија и појасни:

Почитувани, во Австралија сум дојден само за една приватна прослава и на неколку дена, концерти сега нема да одржувам.

Турнејата за Австралија е закажана од 15ти октомври и наскоро ќе бидат објавени сите датуми од закажанте концерти. Живи и здрави до тогаш. Поздрав до сите каде и да сте!

Сега, пејачот Јордан Митев сподели неколку фотографии од среќните моменти кои ги минува со неговата сопруга Славица во Австралија, на убавото сончево време дури си набра и јагоди.