(ФОТО) Ќерката на Јанко Јади бурек израсна во вистинска убавица и тргна по инфлуенсерскиот пат

Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години.

Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.

Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.

Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.

Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.

Освен тоа Јанко на приватен план е сопруг и татко, па често знае да сподели нешто и од нив.

На социјалните мрежи Јади Бурек е доста активен секојдневно, споделува по некој статус или фотографија, па така беше и овојпат.

На опцијата приказна сподели фотографија од својата ќерка Сара Илковска која таа си ја објави на инстаграм.

Од истата може да се забележи дека рекламира две компании и нивните производи со кои позира. Едната е мобилар, а другата бутик за облека.

Па очигледно Сара која на нејзиниот профил приближно има 35.000 следачи тргнува по инфлуенсерскиот пат.