Фросина Ременски го сподели: Лекот бил 5 пари, ама кој да го каже, знае

Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.

Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.

За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Па така е и во овие студен зимски снежни денови каде ги поминува на добро познато локација, а богами и во пријатен анбиент.

Во текот на вчерашниот ден се огласи на својот фејсбук профил со низа фотографии и притоа напиша:

Добар рецепт и лек се споделува.Така ме учеа дома од мала. Од оваа добра и несебична поука произлегува и народната дека “лекот бил 5 пари”, ама кој да го каже/знае.

За русинскиот (малешевски) зелник на сликата подолу не треба рецепт, треба душа и вештина.