Фросина Ременски разреши голема дилема меѓу нејзините следачи: Нема каде да бега, тука е – пијано

Поранешната министерка Фросина Ременски откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството.

Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, но и земјоделскиот род во село Ратево.

За разлика од минатото кога често имавме можност да ја видиме дотерана и скоцкана во елегантни изданија, сега се почесто ја гледаме во кежуал облека.

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата, во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Ременски е една од ретките политичари кај нас кој може да се видиме во нива со гумени чизми и работна облека како се занимава со некоја земјоделска работа и тоа не е ништо ново.

Она што го работ, како на нива, така и во кујна, Ременски го документира со фото и потоа го објавува на социјалните мрежи за кои исто така пронаоѓа време.

Така, овојпат реши да го сподели нејзиниот рецепт за вкусно печено диво месо и напиша на Фејсбук:

Нема каде да бега, тука е – пијано, печено диво прасе од под Пирин Планина 🇲🇰. За сите што имаат дилема за подготовка на диво свинско без претходно варење..

Маг ијата е во 72 саати маринада – пиење литар јако, црвено вино, лимон, мед и зачини од Блискиот Исток и од гората.., печено 5 саати на 190° С.

Сосема доволни никогаш да не го заборавите вкусот и мирисот.За многу години Василица и честита годиница на сестра ми Лила.