Хуманоста се учи од мали нозе – учениците на скопско училиште се вистински доказ за тоа

Убаво е кога се црта насмевка на лицата на луѓето. Средното училиште на Град Скопје одговара на секој конструктивен предизвик, а, кога станува збор за хумани акции со посебно задоволство како тим ученици-наставници помагаат и ги израдуваат луѓето. Затоа, на 27 декември 2022 во училишниот салон дојде група од деца и младинци од Заводот за рехабилитација, кои имаа желба да бидат разубавени во пресрет на Новата година.

„СУГС Димитар Влахов е општенствено одговорно училиште, кое сака да излезе во пресрет на сите кои не се во состојба да си дозволат одење на фризер или козметички третман. Посебно пред секој поголем празник на различен начин придонесуваме да израдуваме некоја ра нлива
категорија на луѓе, дали тоа е старски дом или институција на луѓе со посебни потреби сеедно.

Еве и денес, со штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци ќе имаме еден убав ден во која сите ќе добијат некакво изненадување на нивната коса за да се чувствуваат подобро ипосреќно. Со овој потег сакаме да докажеме колку е убаво да се работи оваа професија, бидејќиосвен нов поубав изглед придонесуваме и за подобро да се чувствуваат луѓето.

А, нормално и да ја разбудиме и хуманоста и емпатијата кај останатите да помогнат на свој начин бидејќи само така може да бидеме подобро општество-вели Марина Киевска- наставник по практична настава во учииштето.

„Мојата новогодишна желба ми е да имам нова фризура и да одам на фризер. Денес сум пресреќна бидејќи дојдовме во фризерскиот салон во училиштето Димитар Влахов за да ми ја исполнат желбата.

Верувам дека ќе бидам убава. Едвај чекам да видам како ќе изгледам. Благодарам на учениците од ова училиште што ни излегоа во пресрет и благодарам што ми дозволија да видам како изгледа еден училишен салон бидејќи јас одсекогаш сум сакала да бидам фризерка.

Денес ми се исполнија две желби и сум многу среќна и задоволна- велу штитеничка од ЗАводот за рехабилитација за деца и млади.

Секој може да направи добро дело во пресрет на Новата година. А, кога ќе почнат да се прават убави хумани гестови и акции, потота хуманоста станува дел од вас-велат учениците од ова средно училиште.